Досегашниот голман на ракометниот клуб Партизан, Иранскиот чувар на мрежата Сеид Хеидарирад според сите информации е на пат за Битола. Искусниот ракометар ќе биде следното засилување за Е.Пелистер во обид да се стигне до групната фаза од Лигата на Шампионите.
Ситуацијата во Партизан кога е во прашање Хеидарирад летово драстично се промени, затоа што беше доведена конкуренција на неговата позиција, па тој со сигурност ќе си замине од Белград.
Дали неговиот нов клуб дефинитивно е Е.Пелистер ќе видиме во следните денови кога се очекува најверојатно и официјална негова презентација.