Големото засилување за тимот на Наполи, Кевин Де Брујне, вечерва и официјално беше претставен како нов играч на овој клуб. Белгиецот пристигнува во Наполи како човек врз кој што ќе се базира иднината на овој тим барем во следните две до три сезони.
„Од натпреварувачка гледна точка, ова е најдоброто место за мене. Имам можност да ги покажам моите квалитети. Наполи е актуелен шампион на Италија и го покажа својот целосен потенцијал. Тоа е голема промена од Англија, но сум уште повозбуден. Имам глад и квалитет да бидам конкурентен на ова ниво. Времето е исто така различно од Англија. Сакав да докажам дека сè уште можам да играм на највисоко ниво. Кога Џовани Мана ми го претстави проектот, веднаш бев воодушевен. Верувам дека Наполи беше најдобриот избор за мене“, започна Де Брујне, кој го доби дресот со број 11 во Наполи па додаде.
„Има многу квалитетни тимови на ова првенство, но нашата цел е да се претставиме добро на сите турнири. Се надеваме дека ќе завршиме што е можно повисоко на табелата и ќе направиме добар настап. Сè уште треба да сфатам како да се прилагодам на тимот. Наполи е доста различен од она на што бев навикнат во Манчестер Сити. Тоа е ново искуство на највисоко ниво и возбуден сум. Тукушто пристигнав, па имам време да се прилагодам. Се чувствувам доста опуштено.“ – рече белгиецот.