Закариќ е во ред, и подготвен за Лозана

220

Горан Закариќ не е потешко повреден и дефинитивно е во комбинација за мечот против тимот на Лозана кој Вардар ќе го одигра в четврток во Скопје на Арената Тодор Проески со почеток од 20:30 часот во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции.

Вардар го мина првото коло со ремито 2:2 против Ла Фиорита во Сан Марино, а токму на тој реванш меч капитенот на Вардар се здоби со незгодна повреда на прстот. Излезе на полувреме, и а денеска беа направени деталните прегледи. Истите дефинираа дека нема скршеница, и дека капитенот на Вардар ќе биде фит за следниот предизвик.

Вардар пред себе има сериозна задача, да ги одмери силите со топ пет екипа од шампионатот на Швајцарија, па секако дека треба да е во фул состав.

 

ПретходноМурињо и Фенер во акција: Асенсио и Шкрињар се договорени, на ред е Пепе од Порто!
СледноСкандалозно: Италија има само еден стадион кој ги исполнува условите за ЕП 2032!