И Тео Симиќ од денеска на тренинг со репрезентацијата!

136
ФОТО: KFSM.MK

Она што недостасува (ше) во првите денови од подготовките на нашиот сениорски национален тим, висина, од денеска би требало да биде проблем помалку за стручниот тим предводен од селекторот Марјан Илиевски.

Денеска, на соиграчите во „базата“ во Гевгелија, им се приклучи и Теодор Симиќ, кој уште од вечерниот тренинг влегува во конкуренција за место во внатрешната линија на националниот тим.

Практично Симиќ е првиот „домашен“ играч во ростерот, односно оној списокот кој селекторот Илиевски го објави пред стартот на подготовките.

Вториот дел од сезоната нашиот највисок репрезентативец го помина во гевгелиски Кожув, оттука, доаѓа и во тоа како добро позната средина.

Па, ако ништо друго, нема да имам потреба за ‘адаптација’ на овие услови за работа овде во Гевгелија… Пред нас е оној најважен дел до подготовките во кој треба максимален ангажман од сите. Репрезентацијата изгледа ‘помлада’, што значи дека нашите обврски кон националниот тим се уште поголеми. Доста добро се познаваме, што треба да ни ја олесни задачата во оној тактички дел од подготовките. Останува добро да се подготвиме во деновите кои се пред нас и да се обидеме да дојдеме до што е поголем број на победи во претквалификациите. Овде ќе имаме и две ‘контроли’, на кои ќе видиме што и како треба до оние мечеви со Романија и со Унгарија’ – изјави Симиќ по доаѓањето во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.   

ПретходноМарк Маркез најбрз на спринтот во Брно!
СледноГотово е: Маркус Рашфорд во нападот на Барселона!