Нов светски шампион во фудбал, на СКП кое се одигра по нов формат, стана Челзи, а воедно доби и голема финансиска награда. Сепак, Светската фудбалска федерација ФИФА донесе одлука која нема да им се допадне на многу фанови ширум светот, а тоа е да ги избрише сите шампиони од претходните формати на Светското клупско првенство, кое официјално датира од 1960 година кога се сретнаа шампионите на Европа и Јужна Америка.
Тој формат траеше до 2000 година, кога освојувачите на други континенти исто така влегоа во натпреварот за светската титула (вкупно осум), следеше нова реформа во 2020 година со шест клуба, така што а година за прв пат учествуваа дури 32 клуба.
ФИФА го прогласи Челзи за официјален „ФИФА интерконтинентален шампион“, додека најтрофејните европски тимови како Реал, Барселона, Ливерпул, Милан и други практично останаа без таа официјална титула.
Меѓу нив е и Црвена Звезда, значи и Дарко Панчев и Илија Најдоски, која по освојувањето на Купот на европските шампиони го освои и Интерконтиненталниот куп во Токио против тимот Коло Кола во 1991 година.