Репрезентативецот на Австралија, Нестори Иракунда (19), направи трансфер од Баерн Минхен во англискиот Ватфорд. Младиот напаѓач минатата сезона, поради големата конкуренција во нападот на “баварците“ не доби шанса да се искаже, ова лето мораше да си замине.
Па така изборот е Ватфорд, тим кој следната сезона ќе игра во Чемпионшип дивизијата.
Интересно е тоа кога Иракунда видел дека на неговиот дрес во новиот клуб стои бројката 66 заплака од радост. Со таа бројка тој бил емотивно врзан, во Баерн не го имал тој број зошто се знае дека германскиот гигант не може да се носат броеви поголеми од 50 на дресовите.
❤️🇦🇺 Nestory Irankunda received EFL approval to wear the number 66 for Watford.
"I could cry right now" (Irankunda). pic.twitter.com/NNUpsVN6Aj
— AusFootHQ (@ALeagueHQ) July 18, 2025