Тибо Куртоа и Реал Мадрид се договорија да ја продолжат соработката на уште една година. Како што е познато, актуелниот договор на еден од најдобрите голмани во светот со “кралевите“ истекува следниот јуни, па така и двете страни беа заинтересирани за продолжување на истиот за уште една година.
Со оглед на тоа дека Реал Мадрид со играчи кои имаат +30 години потпишува само на една година, затоа е и овој договор со Куртоа на само 12 месеци.
Инаку од Шпанија доаѓаат информации дека репрезентативниот голман на Белгија со тренинзи ќе стартува на 4 август.