Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ја победи Албанија со 74-84 во битката за пласман од 17-20 место на Европското првенство Дивизија Б. Избраниците на Горан Самарџиев до триумфот дојдоа благодарение на добрата игра во третата четвртина.
Дуелот започна изедначно со тоа што противникот после првите десет минути имаше водство од 20-16, Македонија на одморот замина со негатива од 40-38. Следеа перфектини десет минути за „црвено-жолтите“, третата четвртина ја добија со 18-30 и тука го направија клучниот чекор кон победата. На стартот на последните десет минути избраниците на Горан Самарџиев имаа двоцифрени 58-71. Албанија се обиде да направи притисок, но нашите кошаркари не дозволи пресврт.
Иванов со 21 поен беше лидер во нашите редови, зад него беше Стојковиќ со 15 поени, додека Кечовски запиша 12.
По овој резултат, нашата младинска репрезентација утре, рано изутрина, од девет часот, ќе игра против селекцијата на Словачка, за пласман на 17.позиција на шампионатот во Ерменија.