Марк Маркез беше најбрз на спринтот во Мото ГП денеска во Брно за ГН на Чешка и успеа да дојде до 11 победа во 12-тиот спринт оваа сезона.
Интересно е тоа што по трката имаше истрага за пневматиците на моторот на Маркез, но сепак тој беше прогласен за победник и така ќе се биде се додека евентуално не се промени нешто.
На второ место се најде Педро Акоста, а на трето место Бастијанини.
Претходно се возеа и квалификациите за утрешната главна трка. Таму најбрз беше Пеко Бањаја кој ќе стартува како прв, ако се знае дека Марк Маркез имаше пад и ќе стартува од втората позиција, а од третата трката ќе ја започне Фабио Квартараро.
Стартот на главната трка во Брно утре е закажан за 14 часот.