Македонската младинска женска ракометна репрезентација утре го игра последниот натпревар на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Ова ЕУРО е прво со 24 селекции.
Избраничките на селекторот, Симе Симовски ќе се обидат да дојдат до првата победа на овој шампионат и тоа против добро познат противник, репрезентацијата на Литванија против која го освоија единствениот бод.
Со оглед на тоа дека станува збор за пресметка за 23. место, Македонија утре ќе игра во ран термин, мечот е закажан со почетк во 9:30 часот.