Ако досега Галатасарај беше во центарот на вниманието во овој летен преоден рок во Турција, сега на ред дојде и вечниот ривал, Фенербахче. Имено интересни вести доаѓаат од Истанбул.
Милан Шкирињар и Марко Асенсио се веќе договорени, па така овие двајца фудбалери си заминуваат од ПСЖ и наредната сезона ќе ги носат дресот на Фенер. Се наведува дека Асенсиот годишно ќе заработува 9 милиони евра нето во клубот каде што тренер е Жозе Мурињо.
Сепак “Специјачниот“ не мирува. Тој, како што пренесуваат медиумите во Турција и Португалија, и тоа како сакал да го види во своите редови и Пепе, бразилскиот напаѓач кој е под договор со Порто.