Тимот на Пелистер денеска во рамките од овогодинешните летни подготовски одигра пријателски меч против тимот на Трајал од Крушевац, Србија.
Истиот заврши без голови 0:0, а воедно ова беше втора контрола за битолчани летово. Првиот меч беше одигран против екипата на Струга Трим Лум.
Пелистер летово не направи премногу промени во ростерот, но тргна со нов тренер. Димитар Капинковски е шефот кој ќе го води битолскиот состав во следната ПМФЛ сезона, а ќе видиме какви резултати ќе се постигнат.