Марко Арнаутовиќ ќе потпише двегодишен договор со српскиот шампион, а австриски „Скај“ ја открива и неговата плата во новиот клуб. 36-годишниот напаѓач ќе заработува 2,5 милиони евра нето по сезона.
Арнаутовиќ тренираше индивидуално по заминувањето од Интер и подготвен ќе се приклучи на тимот.
Се очекува да пристигне во Белград во понеделник и да го потпише договорот.
Во својата кариера играше за Твенте, Вердер Бремен, Стоук, Вест Хем, Шангај СИПГ, Болоња, Интер, а следната станица ќе биде Црвена Ѕвезда Белград.
Одигра 125 натпревари за австриската репрезентација и постигна 41 гол.