Вардар својот прв меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, и тоа против Лозана, ќе го одигра во четврток (24 јули) со почеток од 20:30 часот на Националната Арена “Тодор Проески“.
Од страна на нашиот најтрофеен клуб информираат дека билетите за оваа средба се веќе пуштени.
Истите може да се купат по цена од 100 и 300 денари и тоа онлајн, и тоа преку karti.com.mk.
Па затоа побрзајте, купете билет, сите оние кои сакате да го гледате Вардар на оваа средба со Лозана и од трибините да им дадете поддршка на четата на стратегот Гоце Седлоски.