Скандалозно: Италија има само еден стадион кој ги исполнува условите за ЕП 2032!

153

Познато е дека ЕП 2032 заеднички ќе го организираат Италија и Турција. И додека кај Турците се е ред, посебно кога станува збор за стадионите на кои ќе се игра ЕУРО, кај Италијанците е катастрофа, најблаго кажано.

Деновиве УЕФА испратила инспекција на стадинините во Неапол, Милано, Торино и Рим и луѓето имале што да видат.

Имено заклучокот нивни бил дека во моментов Италија има само еден стадион на кој може и смее да се играат натпревари од ЕУРО 2032.

Тој е стадионот на Јувентус во Торино. И во Удине стадионот е ОК, ама тој е со мал капацитет, а треба да биде најмалку капацитетот од 35.000 гледачи.

Ова значи дека на “Марадона“ во Неапол, “Олимпико“ во Рим и „Сан Сиро“ во Милано едноставно не може да се играат мечеви на ЕУРО.

Скандалот да биде уште поголем Италија како држава и Фудбалската федерација на таа земја нема резервен план, па ни оперативен план за изградба на нови стадиони а и роковите притискаат. ЕП е за седум години и просто невозможно е да се изградат неколку нови стадиони за така кусо време.

Ако нема Италија, тогаш УЕФА има план Б, а тој е на Турција да и се даде да го организира самата ЕУРО 2032.

ПретходноЗакариќ е во ред, и подготвен за Лозана
СледноОливер Стоименовски ќе игра во Кувајт