Тен Хаг по деби поразот од младинскиот тим: Не ми е гајле за резултатите од предсезоната

134
Bayer 04 Leverkusen Saison 2025_2026 10.07.2025 Training

Главниот тренер на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, зборуваше по поразот на својот тим од 1:5 во пријателскиот натпревар против младинскиот тим на Фламенго до 20 години. Натпреварот со црвено-црните беше и деби за холандскиот специјалист како главен тренер на клубот од Леверкузен.

„Резултатот изгледа лошо, но навистина не ми е гајле за резултатите од предсезоната. Никогаш не требаше да изгубиме, но за мене беше поважно да не изгубиме играчи“, го цитираше Билд Тен Хаг.

Единствениот гол за клубот од Леверкузен го постигна 17-годишниот крилен напаѓач Монтрел Кулбриц. Во првото коло од новата сезона во германската Бундеслига, вицешампионите ќе се сретнат со Хофенхајм. Натпреварот ќе се одржи на 23 август.

ПретходноЕдвај преживеа тешка сообраќајна несреќа, па откри: Не се сеќавам на ништо
Следно„Ти благодарам Србијо! Јас вам бубрег, вие мене понижување“