Тимот на Тиквеш одлично го започна серијалот на подготвителни мечеви на подготовките во Болу, Турција. Предмалку обезбеден е триумф над екипата на Анталијаспор со конечни 2:4.
Стрелци на головите за кавадарчани беа, Мишов , Стојанов, Спасов, и Диего.
Тиквеш пред неколку дена замина на базичните подготовки во Турција, и очигледно дека во таборот на кавадарчани одлично се работи периодов, а резултатите пристигнуваат на терен.