Готово е: Маркус Рашфорд во нападот на Барселона!

899
ФОТО: FC Manchester United/FC

Ете, Ханси Флик доби големо, екстра засилување во нападот. Ако не успеа со Нико Вилијамс и Луис Дијас,стратегот на Барса во наредната сезона во тимот ќе го има Маркус Рашфорд.

Имено попладнево “Марка“, а и сите релевантни медиуми во Шпанија објавија дека се е готово, дека има договор и дека во наредните денови овој трансфер ќе се официјализира откако репрезентативецот на Англија и член на Манчестер Јунајтед, ќе ги мине лекарските прегледи.

Откако јасно му беше ставено до знаење дека за него нема иднина додека Рубен Аморим е тренер на тимот од “Олд Трафорд“, Рашфорд посакуваше само во Барса и никаде на друго место, иако имаше понуди и од други клубови.

Како што се наведува, тој ќе игра за Барса како позајмен играч со можност договорот да му биде откупен од страна на каталонскиот гигант.

ПретходноИ Тео Симиќ од денеска на тренинг со репрезентацијата!
СледноКуртоа во Реал Мадрид најмалку до 2027!