Барселона го реши Рашфорд, но вистинска ѕвезда допрва доаѓа!

1154

Иако Каталонците се обидоа да го доведат Ника Вилијамс како засилување на позицијата десно крило, на крајот изборот падна на Маркус Рашфорд, кој неволно ја прифати поканата на Барселона.

Рашфорд ќе се приклучи на каталонскиот тим на едногодишна позајмица, а Барса ќе има опција да го откупи неговиот договор следното лето.

Англичанецот би можел да биде претставен како ново засилување на Барселона за неколку дена, но се чини дека тој не е единствениот што ќе се приклучи.

Шпанските медиуми пишуваат дека челниците на Барселона презеле мерки кога станува збор за засилувања, и дека покрај Рашфорд, тие преговараат и со Интер во врска со доаѓањето на Дензел Дамфрис.

Дамфрис ги импресионираше во полуфиналето од Лигата на шампионите кога беше најзаслужен за тоа што Интер ја нокаутира Барселона, и веруваат дека Холанѓанецот би бил одлично дополнување на позицијата десен бек.

На таа позиција игра Жил Кунде, кој исто така имаше одлична сезона, но не е тајна дека Французинот ја претпочита позицијата стопер, која Ханси Флик би можел да ја пополни наместо него во новата сезона доколку дојде Дамфрис.

Во тој случај, Барселона веројатно ќе продаде еден од стоперите, а веројатно е дека тоа ќе биде Роналд Араухо.

Барселона веќе контактирала со Интер за да се распраша за Дамфрис, а она што им оди во прилог е фактот дека холандскиот репрезентативец сака да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб.

Дамфрис игра за Интер веќе четири сезони и е подготвен за нов предизвик во кариерата, а покрај Барселона, има понуда и од Астон Вила.

И двата клуба нудат 30 милиони евра за него, но јасно е дека Дамфис претпочита да оди во Барселона.

ПретходноВардар ќе подели 100.000 евра премија за елиминација на Лозана
СледноСензација пред 60.000 гледачи во Лондон: Дебитант го победи олимпискиот првак (ВИДЕО)