Младинците го освоија 17-то место на ЕП Дивизија Б

65
Фото: КФСМ

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години со победа го заврши ЕП Дивизија Б и го освои 17-то место, откако по голема драма ја совлада Словачка со 64-65. Вкупниот скор е на оваа репрезентација на шампионатот е четири победи и три порази.

Луканоски имаше дабл-дабл од 19 поени и 19 скока, зад него беше Иванов со 14 поени и 9 скока.

Македонија можеше мечот да го заврши во помирен финиш, но нашите кошаркари промашија четири слободни фрлања во клучните моменти откако претходно се вратија од негатива.

После изедначената игра во првата четвртина (17-17), нашите кошаркари го подигнаа нивото и следниот период го добија со 8-18 за 25-35 на одморот. Иако се очекуваше дека избраниците на Горан Самарџиев ќе продолжат во ист ритам и во третата четвртина, сепак противникот се издигна и следната четвртина ја доби со 24-13. На стартот на овој период Македонија имаше двоцифрена разлика од 25-39, но истата не ја сочува.

Словачка приреди целосен пресврт, во воведните минути од последниот период поведе со 55-48. Нашите кошаркари со серија од 11-2 приредија пресврт за 57-59 на три и пол минути до крајот. Македонија имаше и плус 4 (59-63). Противникот дојде до минус еден, Иванов прво реализираше две слободни, па потоа промаши нови две. Словачка намали на 64-65, Луканоски не реализира две слободни фрлања, но на голема среќа немаше повеќе за време за противникот.

ПретходноБомба од „Енфилд“: Ливерпул склучи договор вреден 94 милиони евра!
СледноПобеда за крај: Младинките го избегнаа „фенерот“ на ЕХФ ЕУРО