Илија Несторовски е повреден и нема да го фати стартот на новиот шампионат на Хрватска подготвен за настап.
Оваа информација денеска ја лиферуваше во јавноста тренерот на Славен Белупо, Марио Грегурина, кој рече дека повредата на Несторовски не е сериозна но дека бара апстинеција од тренинзи од околу две недели.
Несторовски одлично се снајде минатата сезона во дресот на Славен, каде што се приклучи сосема случајно и спонтано што се вели. Повеќе се очекуваше можеби враќање во Македонија или пак можеби пензија, но некогашниот капитен на репрезентацијата на Македонија сеуште со успех настапува во ХНЛ и очигледно нема намера да сопре.