Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија на последниот меч на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора запиша победа. Избраничките на Симе Симовски ја совладаа Литванија со 38-39 и го освоија претпоследното 23-то место на овој шампионат.
Котевски и Миленкоска беше ударниот тандем во нашите редови, две постигнаа по девет погодоци, Лашкоска имаше шест гола.
Македонија беше во негатива во првото полувреме, дури пред одморот успеа да дојде до минимално водство од 19-20. Во продолжение нашите ракометарки одиграа на повисоко ниво, ја искористија предноста во однос на Литванките, на неколку пати поведоа со четири гола, а имаа и плус 6 (33-39) по која се опуштија, но на крајот дојдоа до посакуваната победа.
Македонија шампионатот го заврши со скор од пет порази, реми и една победа.