Македонскиот првак Шкендија во второто квалификациско коло во рамките на Лигата на шампиони ќе се ги одмери силите со романскиот тим на ФЦСБ. Првиот меч се игра во вторник во Скопје, додека реваншот е седум дена подоцна.
Доколку Шкендија го мине овој двомеч за противници во следното трето коло ќе ги има Копенхаген, Црвена Звездаа, Ференцварош, Макаби Тел Авив, Слован Братислава и Карабах.
Добро е познато дека елиминација од ова натпреварување на тетовскиот тим ќе значи пласман во третото коло во Лига Европа, а таму ќе ги чека можна пресметка со подобрите од следните мечеви.