Во пресрет на двомечот на нашиот најтрофеен фудбалски колектив, и воедно освојувачот на Купот на Македонија тимот на ФК Вардар, во рамките од второто коло од Квалификациите за Конференциската лига против швајцарскиот тим на Лозана секако дека јавноста ќе ја интересира да дознае што повеќе информации за противникот.
Она што е еден од најјинтересните факти за овој клуб е што имаме во овој клуб и наш младински репрезентативец.
Се работи за У17 репрезентативецот на Македонија, Стефан Неданоски, кој што е дете на овој клуб.
Тој веќе имаше повик за селекцијата на Македонија во неговата возраст, и е еден од најталентираните играчи за врска во младинскиот погон на Лозана.
Со иста година на раѓање, 2008, е и Ендрит Асани, момче кое исто така настапуца за овој клуб, и кој има македонски пасош но засега нема добиено повик за настап за накоја од нашите младински селекции.