Марк Маркез повторно е на врвот на пиедесталот во МОТО ГП шампионатот. Овојпат за големата награда на Чешка, поточно на патеката во Брно, каде што Маркез беше најбрз денеска по одлични услови и сончево време.
На втората позиција се најде Марко Безеки со заостанување од 1.753, додека трет заврши Акоста на КТМ со 3.366 заостанување.
Марк Маркез и натаму е лидер во генералниот пласман со 356 поени пред неговиот брат Алекс кој собра досега 261 поени, а трет е Франческо Бањаја со 200 поени.