По цена од 6.000 и 7.000 денари: РК Пелистер утре ги пушта во продажба сезонските билети! (ФОТО)

50
ФОТО: RK Pelister/FB

Од утре точно на пладне можат да се купат сезонските билети за натпреварите на РК Пелистер. Ова попладнево и официјално, преку своите социјани мрежи го објавија од таборот на нашиот шампион.

Цената на истите се 6.000 и 7.000 денари во зависност од тоа каде се местата.

Овие билети ќе важат за натпреварите на РК Пелистер на домашна сцена, како и за натпреварите во групната фаза во Лигата на Шампионите.

ПретходноВирц со деби за „Редси“, Дарвин со хет – трик!
СледноТиквеш со победа и против Адана!