Снир Леви од Израел делегиран за мечот Лозана – Вардар

39
FOTO SPORT CENTAR X

Иако сеуште не е одигран ниту првиот меч од второто коло квалификациите за Конференциската лига помеѓу екипите на Вардар и Лозана од Швајцарија кој што е закажан за в четврток од 20:30 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, УЕФА веќе ги делегираше арбитрите кои што ќе го судат реванш дуелот на 31 јули во Швајцарија.

На чело на судиската четворка ќе застане Снир Леви од Израел, а ќе му помагаат неговите сонародници, Ростислав Талис, Дор Медина и Наел Одех.

Што се однесува пак до мечот во Скопје, тука е главен Доминик Стари, кој има само 32 години и е од 2023 со амблемот на ФИФА и важи за еден од најаталентираните судии во Чешка.

Негови помошници се Јан Патак, Лукас Славичек и Јан Махалек.

ПретходноСензација пред 60.000 гледачи во Лондон: Дебитант го победи олимпискиот првак (ВИДЕО)
СледноТиквеш се пофали со Толга Јакут