Тимот на Тиквеш кој што во моментов се наоѓа на подготовки во Болу, Турција предмалку го претстави Толга Јакут.
Офанзивец кој што е дете на Бурсаспорт, има 24 години во моментов, но поголемиот дел од неговата кариера ја има минато досега во тимот на Ескишехир.
Последна негова дестинација бил тимот на Чанкаја. Во Тиквеш веќе се склопува сериозна екипа, која што во следниот ПМФЛ шампионат, очигледно ќе игра далеку посериозна улога одколку во минатиот.
Турчинот е уште едно од неколкуте засилувања кои што летово пристигнаа во Кавадарци.