Украинецот Деревенски по три години повторно ќе и суди на Шкендија, сега на реваншот во Букурешт!

62
ФОТО: Х

Ако од пред неколку дена беше познато дека судии од Белгија, на чело со Нејтан Вербомен ќе ја делат правдата на мечот меѓу Шкендија и ФЦСБ во Скопје во вторник, сега е познато и кој ќе суди на реваншот во Букурешт.

Овој реванш од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, меѓу ФЦСБ и Шкендија се игра на 30 јули (среда) со почеток од 19:30 часот и тоа на Националната Арена во Букурешт.

Тоа се судии од Украина. За главен судија е одреден Олексеј Деревински, додека него ќе му помагаат Виктор Метијаш, Олексеј Миронов и Дмитро Панчушин. Исто така и во ВАР собата ќе бидат Украинците Микола Балакин и Денис Шурман.

Кога сме кај Деревенски да кажеме дека тој во 2022 година, во првото квалификациско коло во Лигата на Конференции веќе и судеше на Шкендија и тоа во Ереван кај Арарат кога беше 2:2.

ПретходноШто се случува: Ѓоковиќ, Синер и Алкараз го откажаа учеството на Мастерсот во Торонто!
СледноТрансфери: Наполи и Галата се договорија за Осимен, Челзи го посакува Симонс, Санчо конечно потпишува за Јуве!