Што се случува: Ѓоковиќ, Синер и Алкараз го откажаа учеството на Мастерсот во Торонто!

144
фото: Wimbledon (X)

Што навистина се случува во светот на тенисот во пресрет стартот на престижниот Мастерс во Торонто? На сцена се силни откажувања и тоа од страна на најголемите фаворити.

Имено прв откажа Новак Ѓоковиќ, потоа следуваше отказот на Јаник Синер, победникот на годишениот Вимблдон и во моментов најдобриот тенисер во светот според АТП листата.

Доцна попладнево уште еден шок за организаторот, имено своето учество го откажал и Карлос Алкараз, финалистот на Вимблдон од минатата недела.

Инаку одамна се знаеше дека поради повредата нема да настапи ни Григор Димитров.

Стартот на Мастерсот во Торонто е закажан за 27 јули.

Претходно„Бомба“: Ливерпул со 100 милиони евра тргнува по Родриго!
СледноУкраинецот Деревенски по три години повторно ќе и суди на Шкендија, сега на реваншот во Букурешт!