„Бомба“: Ливерпул со 100 милиони евра тргнува по Родриго!

255
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Неверојатна вест од Шпанија. Имено тамошните медиуми пренесуваат дека Ливерпул има намера да плати 100 милиони евра само за да го ангажира Родриго. Велиме неверојатна зошто во овој преоден рок “Редси“ во нападот веќе го ангажираа Флоријан Вирц, а се е готово и со Уго Екитике.

Исто така познато е дека и Арсенал и тоа како беше заинтересиран за Бразилецот, но ова лето раководството на клубот од „Емирејтс“ се покажа како тотално неспособно да донесе екстра класа напаѓач, ако се знае дека по се изгледа ја загубија битката за Ѓокереш.

Инаку медиумите во Шпанија пренесуваат дека со трансферот на Родриго гигантот од Островот по малку сака и да му се одмазди на Реал за Трент Александер – Арнолд, но и за Конате, како и за сите трансфери од минатите неколку години.

Од друга страна и не е класична одмазда ако се знае дека Реал не смета на Родриго.

Во случај да успее овој трансфер, Родриго навистина да замине на “Енфилд“ тогаш Арне Слот и тоа како би имал пеколен напад.

Тука се Салах, Вирц, Екитике, Родриго и прашање е што ќе биде со Дарвин.

ПретходноПријателски: Башкими ремизираше со Аркадаг, Шкупи убедлив против Брера!
СледноШто се случува: Ѓоковиќ, Синер и Алкараз го откажаа учеството на Мастерсот во Торонто!