Утре е ден на ждрепка во Нион и тоа за 3.квалификациско коло во ЛШ. ЛЕ и ЛК. Во шеширите или барабаните ќе се најдат и Шкендија и Вардар.
Имено во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во ЛШ и тогаш Шкендија ќе го дознае својот ривал, се разбира дека прво треба да го мине ФЦСБ во втората рунда.
Претходно утре изутрина околу 8:30 часот УЕФА ќе ги објави групите и скратениот список со евентуалните ривали на тетовци.
Во 13 часот ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. За Шкендија е интересно зошто ќе го дознае својот ривал во ова натпреварување, ако биде елиминирана од ФЦСБ.
И за ова натпреварување утре во 8:30 часот УЕФА ќе го објави скратениот список со евентуалните противници на нашиот првак.
И на крај во 14 часот ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, и тогаш Вардар ќе дознае својот противник за третата рунда, се разбира ако ја мине Лозана.
Исто така утре во 8:30 часот, УЕФА ќе го скрати списокот и ќе ги објави групите со можните ривали на нашиот најтрофеен клуб.