КК Кожув и тоа како ова лето е активен на трансфер – пазарот. Раководството на овој клуб успеа во своите редови да донесе три нови имиња и со тоа осетно да го засили тимот.
Тоа се досегашниот капитен на Вардар, Хусеин Бајрам, потоа странцте Девон Хингс и Арсение Вучковиќ.
Хингс е американски плејмејкер кој во минатите сезони играше во „Џи -лигата а има играно и за екипите на Колеџ Парк Скајхоукс, Мотор Сити Круз и Гринзборо Сворм.
Вучковиќ е крило кој минатата сезона настапуваше во шампионатот на Унгарија, но треба да се каже дека пред неколку сезони веќе има играно во Македонија, и тоа во тимот на Гостивар.