„Паѓаат“ сите рекорди: И Реал не може да одолее на понудата за Винисиус

1292
Фото: ХЦ Реал Мадрид X

Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор околу продолжувањето на договорот беа ненадејно прекинати, а се појавија информации дека Бразилецот навистина би можел да го напушти кралскиот клуб во трансфер што ќе ги сруши сите рекорди.

Винисиус без сомнение беше прва ѕвезда на Реал Мадрид во изминатите неколку сезони, но во последната година сè се сврте и тргна надолу откако не ја освои Златната топка.

Бразилецот зад себе ја има веројатно најлошата сезона откако е во Реал, па дури се покажа дека дури ни Чаби Алонсо не е премногу задоволен од игрите на Винисиус.

Познато е дека Реал и Винисиус долго време се во преговори околу продолжувањето на договорот што истекува за две години, но пред неколку дена беше објавено дека тие се прекинати.

Во Реал веќе не се сигурни дали Винисиус е толку недопирлив кога станува збор за продажба, особено не откако се појавија приказните дека би можеле да соберат неверојатни 350 милиони евра од трансферот на бразилскиот репрезентативец.

Веќе некое време се шпекулира дека Винисиус би можел да оди во Саудиска Арабија, каде што прават сè за да го доведат во својата лига, а понудата што ја подготвуваат не може да ја одбие ниту еден од најголемите клубови во светот.

Фудбалската јавност е во очај околу фактот дека се подготвува понуда за Винисиус каква што овој спорт никогаш досега не видел, а доколку се постигне договор, јасно е дека со овој трансфер би биле срушени сите рекорди.

Саудијците се подготвуваат да го срушат рекордот со понуда за Винисиус од 350 милиони евра, нешто на што не можат да оддолеаат ниту „кралевите“ бидејќи покажаа дека речиси сигурно би прифатиле таква понуда.

На Винисиус му беше понуден петгодишен договор вреден нереална милијарда евра и на сите им е јасно зошто Бразилецот сериозно почнал да размислува за заминување во Саудиска Арабија.

Доколку трансферот се реализира, Винисиус ќе биде најскапиот играч во историјата на фудбалот и ќе го сруши рекордот од 2017 година кога Барселона го продаде Нејмар на ПСЖ за дури 222 милиони евра.

Реал Мадрид е подготвен да го пушти Винисиус за тие пари бидејќи би инвестирал во доведување на неколку звучни засилувања.

ПретходноЛионел Меси продолжува да ги полни мрежите (ВИДЕО)
СледноБомба од „Енфилд“: Ливерпул склучи договор вреден 94 милиони евра!