Од вечерва нашата Македонија е центарот на младинскиот спорт во Европа. Вечерва со пригодна свеченост во салата „Јане Сандански“ беа отворени Игрите ЕМОФ 2025 кои во наредните седум дена ќе се одржат на спортски локации во Скопје и Куманово.
Ова е Европски Младински Спортски Фестивал кој ќе биде убава можност да се промовира нашата земја во секој поглед, и не само спортски.
Игрите за отворени ги прогласи Претседателката Гордана Силјановскa – Давкова, која ги поздрави присутните и покрај другото истакна:
“Голема е честа да се биде земја – домаќин на Летниот Европски Младински Фестивал. Ова е врвен спортски чин, симбол на младост и витештво во натпреварувањето. Храбро го прифативме предизвикот да го организираме овој настан, посакувам да ја оправдаме укажаната доверба. Верувам дека како држава уште еднаш ќе покажеме дека сме добри домаќини и дека имаме публика која знае и да наградува“ која свечено ги отвори игрите.
Како што е познато на ова натпреварување ќе земат учество 4.000 спортисти кои ќе се борат за медали во 15 спортови.
Македонската делегација, која последна се појави во дефилето, брои вкупно 203 членови.
Во салата беше внесен и Пламенот на мирот и пријателството, прв го носеше Дејан Георгиевски а на тврдината на Кале беше запален од страна на Дарио Ивановски.