По вчерашната победа од 4:2 против Анталиаспор, денеска Тиквеш исто така во пријателски меч на подготовките во Турција, славеше против составот на Адана со 2:0.
Мишов беше стрелец за тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов во 23.минута од пенал за 1:0. Во 83.минута по одличното нафрлување на Миловановиќ, еден од противничките играчи си даде автогол за конечни 2:0 за нашиот тим.
Треба да се истакне и голманот Тасев кој на оваа средба одбрани пенал.