Шкендија – ФЦСБ 1:0…ама кога е во прашање богатството на газдите на двата клуба!

1382

Во вторник од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ закажан е првиот дуел од двомечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Шкендија и ФЦСБ (Стеауа), реваншот се игра на 30 јули во Букурешт.Јасно е кој е фаворит, кој бил некогашен европски првак, кој нема пораз против македонски клубови на евросцената.
Но, ова е фудбал, тетовци и тоа како во минатото знаеле да одиграат квалитетно против така силни екипи и да ги елиминираат. Шкендија со ТНС покажа квалитет. Дали тоа ќе биде доволно да се мине оваа пречка? Останува да се види.

Сепак како увертира на овој двомеч, на кој истиот пред и да почне, Шкендија веќе поведе со 1:0 против романскиот гигант.

Поведе со 1:0, ама кога е во прашање богатството на газдите на двата клуба, Лазим Дестани и Џиџи Бекали.

Од она што може да се прочита на интернет, секако неофицијално, газдата на македонскиот шампион, сопственикот на Шкендија и “Еколог“ вреди околу 5 милијарди евра. Уште еднаш да повториме дека ова е неофицијално.

Од друга страна, финансиерот и газда на ФЦСБ, Џиџи Бекали, барем според пишувањето на медиумите во Романија, поседува богатство од 1,2 милијарди евра. Па така според ова Шкендија во увертирата на овој двомеч успеа да поведе.

Шегата на страна. Јасно е дека ФЦСБ има многу, многу поголем буџет од Шкендија, има поскпи играчи и затоа е фаворит.

Инаку Дестани не се меша премногу во клубот, а во тимот па никако.Ја гледа Шкендија само некои важни средби во ПМФЛ во Тетово и секако е во ложата на Арената во Скопје кога неговиот клуб игра во Европа.

За разлика од него, Бекали сака да коментира, да се слуша неговиот збор, тој го составува понекогаш тимот, барем според медиумите во Романија, сака неговата да е прва и последна.

ПретходноНестор поради повреда го пропушта стартот на првенството
СледноВирц со деби за „Редси“, Дарвин со хет – трик!