И денеска имаше “бура“ на трансфер пазарот во најсилните лиги во Европа. Иако се очекуваше и порано тоа да се случи, сепак од вечерва Брајан Мбеумо и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Гигантот од “Олд Трафорд“ се пофали со официјализирање на трансферот.
Bienvenue, Bryan 🫡
— Manchester United (@ManUtd) July 21, 2025
Матео Ретеги, напаѓачот на репрезентацијата на Италија и досегашен член на Аталанта и официјално е новиот италијански рекордер кога станува збор за излезни трансфери.
Ал -Кадсиа од Саудиска Арабија го промовираше Италијанецот. Овој трансфер е 68 милиони евра. Се шпекулира дека за четири години би можел да инкасира, заедно со бонусите 76 милиони евра. Секако дека за оваа сума еден од најдобрите напаѓачи во последните години во Серија А се одлучи да замине во С. Арабија.
Антони после фантастичните настапи во Бетис, сега е трансферна цел на Атлетико Мадрид. Сепак се чини дека ова по малку е и невозможна мисијаза Диего Симеоне.
Саул Нигез го одби Трабзонспор, иако речиси да беше се готово и се одлучи да ја прифати понудата на бразилскиот Фламенго.