Манчестер Јунајтед има потреба од подобрување и поголема брзина на средниот ред, според менаџерот Рубен Аморим, по ремито без голови со Лидс во пријателски натпревар во Стокхолм.
„Се мачевме со пресингот бидејќи Лидс го чистеше нападот и освојуваше втори топки, што ни создаваше проблеми“, изјави Аморим за MUTV и додаде:
Ни недостасуваше брзина, особено во средината, и тоа се покажа, се мачевме да ја донесеме топката напред. Сепак, создадовме шанси.
Имаме многу работа пред нас, но тоа беше добар тест против тим од Премиер лигата. Генерално, треба да подобриме многу работи, како што се брзината на нашата игра и деталите. Ќе се подобриме“, додаде португалскиот специјалист.