Беќири: Противникот е фаворит, а ние нашето ќе го кажеме на терен

147

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, утре на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:00 часот го игра првиот од двата дуела против романскиот тим СЦБС во рамките од второто квалификациско коло за Лигата на Шампионите.

По победата над велшкиот тим ТНС во првото коло, Шкендија сега има сериозен предизвик пред себе, а тоа е тим кој што зад себе има сериозен квалитет, традиција, навивачи….

“Ни следи дуел со ФЦСБ, во кој ривалот е фаворит. Станува збор за сериозен тим со богата историја. Се работи за поранешен освојувач на Лигата на шампионите. Имаме уште еден тренинг и низ анализа со играчите ќе се подготвиме за дуелот. Арбен Зејнулаи е со нас, имаше досега три тренинзи, има воспаление на мускулите, но ќе биде во комбинација за настап во консултација со лекарите. Околу ФЦСБ, тоа е гигант во европски рамки со голема традиција. Но, ние сме Шкендија и ќе се обидеме да одговориме на ниво за овие натпревари. Ова е голем меч, секој следен меч за нас ќе биде меч за престиж. Околу шансите да играме во групна фаза барем во Конференциска лига, ние мора максимално да бидеме фокусирани на овој двомеч и на ФЦСБ, да се обидеме потоа да мислиме по Букурешт. Што се однесува до шанси да играме во групи, тие секогаш се отвораат по првиот квалификациски циклус. Затоа беше мечот со ТНС важен, затоа што ти дава три шанси” – изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири на официјалната прес конференција пред утрешниот меч.

 

ПретходноДоколку Вардар ја мине Лозана, ќе игра против победникот од мечот Зимбру – Астана
СледноАморим: Ни треба брзина, се мачевме со топката