Дарко Велковски е пред трансфер во Железничар

369

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски е пред потпис со Железничар, дознава „СпортСпорт“. Според нашите информации детали го делат од босанскиот тим.

Велковски претходната сезона го носеше дресот на Нирегихаза, клуб во кој пристигна во јануари. Раководството на клубот не го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец, па во Железничар ќе дојде како слободен фудбалер.

Велковски претходно го носеше дресот на романски Динамо Букурешт од каде си замина во јули 2024 година. Низ кариерата беше дел и од Ал-Етифак од Саудиска Арабија, хрватска Ријека, како и македонските Вардар и Работнички.

Во новата сезона во босанскиот шампионат, Македонија ќе има уште еден македонски фудбалер, Стефан Ристовски, кој потпиша за Сараево.

ПретходноНејмар си купи Бетмобил за 1,3 милиони евра, но има еден проблем!
СледноЃурчиновски „го скрши мразот”: Прв медал за Македонија на ЕП во билијард