Доколку Вардар ја мине Лозана, ќе игра против победникот од мечот Зимбру – Астана

137

Освојувачот на Купот на Македонија, и претставникот во квалификациите за Лигата на Конференции говинава, екипата на Вардар го доби својот потенцијален противник во третото коло од оваа кампања.

Вардар во второто коло од квалификациите го има за противник тимот на Лозана од Швајцарија, а доколку се мине овој противник, во третото коло ќе биде победникот од дуелот помеѓу Зимбру од Молдавија односно Астана од Казахстан.

Вардар во моментов се подготвува за дуелот од второто коло, односно за мечот кој што е закажан за в четврток на 24. со почеток од 20:30 часот на Арената Тодор Проески кога гостува тимот на Лозана, а реванш дуелот ќе се игра една недела подоцна на 31. во Лозана.

Потоа, доколку Вардар биде успешен во овој двомеч ќе го чека победникот од дуелот Зимбру – Астана.

Првиот евентуален меч од тој двобој би се играл на седми август во Скопје, додека реваншот е закажан за 14 август.

 

ПретходноМората дефинитивно се врати во Италија
СледноБеќири: Противникот е фаворит, а ние нашето ќе го кажеме на терен