ЕМОФ:Ракометарите одлични во првото полувреме, на крај со убедлив пораз од Хрватска!

119

Младите ракометни репрезентативци на Македонија, вечерва на својот прв меч на ЕМОФ се поразени од соодветната селекција на Хрватска со 19:27.

Треба веднаш да се каже дека во првото полувреме, кое заврши со резултат 10:10, видовме разиграна, квалитетна Македонија, но во вториот дел голем пад во играта или далеку подобра Хрватска и затоа е таков конечниот резултат.

Во нашата селекција најефикасни со по три голови беа Петревски, Симоновски, Дамчевски и Угреновиќ.

Во 2.коло од овој турнир Македонија ќе ги одмери силите со Шпанија.

ПретходноОсвојувачот на ЕХФ Европскиот Куп им се заблагодари на тројца ракометари!(ФОТО)
СледноАрената е зафатена: Гостите од Романија тренираа на ФФМ, исто и Шкендија! (ВИДЕО)