Ништо ново кога станува збор за нашите спортисти во екипните спортови на ЕМОФ. И кошаркарите со пораз и тоа убедлив од селекцијата на Турција со 56:88, во меч кој се одигра во Куманово.
Едноставно се покажа дека во овој момент селекцијата на Турција е далеку подобар противник.
Во првата четвртина беше 8:23 и тука се “скрши“ натпреварот. Бадијала беа сите обиди на нашите млади кошаркари да направат било што на оваа средба. Единствено во третиот период дадоа силен отпор ако се знае дека истиот заврши со резултат 18:20.
Сепак на крајот убедлив пораз од 32 разлика.
Веќе утре нашата селекција се среќава со репрезентацијата на Франција.