Младите кошаркарки на Македонија, денеска во салата “Перо Наков“ во Куманово на својот прв меч на кошаркарскиот турнир на ЕМОФ, беа убедливо поразени од своите врснички од Белгија со 40:111. Уште на почетокот од овој меч се виде како ќе се одвиваат работите на оваа средба. Гостинките поведоа а
потоа само ја “билдаа“ разлика која на крајот заврши со плус 71 поени рзлика за нив.
Кај нашиот тим најефикасна со 14 поени беше Сарафиловска.
Утре Македонија во рамките на 2.коло од 16 часот се среќава со селекцијата на Финска.