Лига Европа: Ако тетовци бидат елиминирани од ФЦСБ, во 3.коло во ЛЕ ќе играат со поразениот од двомечот Копенхаген – Дрита!

144
ФОТО: UEFA Europa League/X

Покрај ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, за Шкендија беше интересна денешната ждрепка и во Лигата на Европа.

Јасно е дека сите сакаме тетовци да го елиминираат романскиот ФЦСБ, но ако бидат исфрлени во 2.квалификациско коло во ЛШ од некоаошниот европски првак, тогаш ќе играат во 3.коло во Лигата на Конференции и тоа против поразениот тим од двомечот меѓу Копенхаген (Данска) – Дрита (Косово)

Првиот натпревар нашиот шампион ќе го игра дома на 7 август, а реваншот на гости една недела подоцна.

Познато е дека ако ја мине оваа пречка, најверојатно Дрита, тогаш ќе игра во плеј – офот во ЛЕ, а со тоа има најмалку и во лигашка фаза во Лигата на Конференции.

Ете ја оваа златна шанса за Шкендија.

Ако пак не успее да ја мине оваа пречка во 3.коло во Лигата на Европа, тогаш ќе игра плеј – оф во Лигата на Конференции.

ПретходноОбамејанг издржа само една сезона во Саудиска Арабија
СледноИ Новак е само човек: Еве како најдобриот на сите времиња си плаќа на каса во маркет!(ФОТО)