Денеска точно на пладне се одржа ждрепката за 3.квалификациско коло во ЛШ. Шкендија во случај на минување на ФЦСБ во второто коло, тогаш во следната рунда ќе ги одмери силите со победникот од двомечот меѓу Шелбурн (Р. Ирска) и Карабах (Азербејџан).
Така сакаше ждрепката, се чини дека тетовци имаа среќа.
Тетовци во пресрет на ждрепката се најдоа во групата 2. и тоа меѓу неносителите.
Инаку првиот меч нашиот шампион би го играл дома на 5/6 август, а реваншот на гости на 12 август.
Сепак, нели, за да се дојде до третото коло Шкендија ќе мора прво да го мине романскиот гигант ФЦСБ (Стеауа). Веќе утре тетовци се домаќини на Арената во Скопје, а реваншот го играат на 30 јули (среда) на гости во Букурешт.