Мората дефинитивно се врати во Италија

135

Откако го помина вториот дел од минатата сезона на позајмица во Галатасарај, капитенот на Шпанија, Алваро Мората, кој потпиша со Милан во јули 2024 година на четири години, кариерата ќе ја продолжи во Комо.

Галатасарај имаше опција да го откупи неговиот договор за 10.000.000 евра, но не ја активираше клаузулата, бидејќи потрошија огромна сума пари за да го купат Виктор Осимен од Наполи, а планираат и повеќе големи купувања.

Мората, поранешен играч на Реал Мадрид, Атлетико, Челзи, Јувентус и Милан, се враќа во Италија, но во дресот на нов и многу амбициозен клуб.

Тој ќе ги засили напаѓачките опции на тимот на Сеск Фабрегас, што ќе биде многу интересно да се следи следната сезона.

Овој договор го објавивме одамна, дури и пред почетокот на преодниот рок, но работите дури сега се средија, па затоа и Фабрицио Романо го потврди трансферот.

ПретходноИ Новак е само човек: Еве како најдобриот на сите времиња си плаќа на каса во маркет!(ФОТО)
СледноДоколку Вардар ја мине Лозана, ќе игра против победникот од мечот Зимбру – Астана