Неверојатно, и секако дали е можно? Имено пливачот Никола Ѓуретановиќ за неколку дена стана првак на две земји, прво на Македонија, а потоа и на Србија.
Прво на националното пренство беше најдобар речиси на сите трки на кои настапи, и беше прогласен за најдобар јуниор и воопшто најдобар пливач на првенството.
Потоа за само неколку дена настапи и на националното првенство во Србија, каде што повторно беше фантастичен и стана државен првак во јуиниорска конкуренција.
Од ова произлегува дека пред младиот Ѓуретановиќ е блескава иднина.