Нејмар си купи Бетмобил за 1,3 милиони евра, но има еден проблем!

123
Фото: Screenshot: X

Бразилскиот фудбалер Нејмар плати 1,3 милиони евра, или еден и пол милион долари, за Бетмобилот, возило слично на она што го вози херојот од стриповите и филмовите Бетмен.

Нејмар мораше да чека три години за да пристигне неговиот Бетмобил, а сега конечно пристигна. Бразилецот не смее да го вози по јавни патишта, туку само на приватен имот.

Со такво возило, полицијата нема да му даде дозвола да се движи меѓу „обични“ луѓе. Нејмар го купи Бетмобилот од трилогијата на Кристофер Нолан, која се снимаше од 2005 до 2012 година. Виден е како го вози низ својот двор. Се вели дека има сета опрема како во филмот, вклучувајќи и пламенофрлач на задниот дел од каросеријата.

Нема огледала ниту регистарски таблички и не е во согласност со прописите во Бразил, а камоли во Европската Унија. Затоа 33-годишниот фудбалер го чува во својот дом во бразилскиот град Сантос. Се претпоставува дека Бетмобилот има помеѓу 450 и 500 коњски сили.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adhemar Cabral (@adhemarcabral12)

ПретходноПол Гаскоњ е хоспитализиран откако бил пронајден во бессознание
СледноДарко Велковски е пред трансфер во Железничар